ЗДРАВСТВО

Околу 500 деца во земјава примиле прва доза од вакцината „Фајзер“

Вкупно 1 800 деца и млади од 12 до 16 години се пријавиле за вакцинација против ковид-19. Од нив, околу 500 досега примиле прва доза, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Младите се вакцинираат со вакцината „Фајзер“, а пријавувањето тече преку официјалната страница vakcinacija.mk.

Од Министерството за здравство информираат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 463 048 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6 608 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17 343 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 747 728 дози вакцини, а ревакцинирани се 284 680 граѓани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button