ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Олеснети ковид мерките, нема полициски час, прославите со неограничен број гости, а ќе се организираат и концерти и забави

Од денеска целосно се укина полицискиот час, угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време, свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локали само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица. Ова се мерките што ги препорача Комисијата за заразни болести, а вчера на седница ги прифати Владата и стапија на сила од ноќеска на полноќ.

Една од препораките е и измена и дополна на Протоколот за организирање свадби, прослави и веселби.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button