ВЕСТИСПОРТ

Олимписко сребро за Македонија: Георгиевски вицешампион во таеквондо

По извонредните настапи на претходните три борби, македонскиот ас го загуби големото финале од Русинот Ларин со резултат 15-9.

Рускиот репрезентативец беше подобар од почетокот на борбата, поведувајќи со 2-0 во првата од трите рунди. Георгиевски израмни на 2-2, но веднаш потоа следеше серија на Ларин, кој со два удари поведе со 7-2. Македонецот не се предаде продолжи со жестока битка во втората рунда, намали на 7-5, а потоа со одличен удар со нога во телото намали и на 9-7 пред самиот крај на рундата.

Судиите досудија уште еден казнен поен за Георгиевсски на стартот од последната рунда, носејќи му предност на Русинот од 10-7. Пресуден беше ударот на Ларин во главата на Георгиевски, со која Русинот поведе со 13-8 и си го трасираше патот до триумфот, изразен со конечни 15-9.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button