ВЕСТИЗДРАВСТВОРЕГИОН

Омикрон се појави и во Грција, еве на кое место

Грција го идентификуваше својот прв случај на Ковид-19 предизвикан од варијантата Омикрон, објави денеска министерот за здравство, Танос Плеврис, пренесува Катимерини.

Инфекцијата е потврдена во Ханија, Крит, кај грчки државјанин кој се вратил од патување во Јужна Африка.

Теоклис Заутис, шефот на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), рече дека мажот долетал на Крит на 26 ноември и направил брз антигенски тест на аеродромот кој се покажал негативен.

Вториот тест следниот ден, откако развил благи симптоми на Ковид-19, повторно добил негативен резултат додека третиот, на 29 ноември, ја потврдил инфекцијата. Здравствените власти утрово потврдиле дека станува збор за варијантата омикрон.

Заутис изјави дека мажот останува во карантин и дека неговите контакти биле негативни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button