ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Омикрон, значително намален бројот на инфекции

Бројот на заразени со Ковид-19 е намален за околу 30%, а бројот на починати за скоро 28%, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Според извештајот, возрасната група од 0-9 години има најмалку позитивни случаи, а најмногу групата над 60 години. Вo една ваква ситуација, Комисијата за заразни болести предложи укинување на две мерки. Граѓаните ќе можат да излегуваат од земјава без потреба на нашите погранични органи да им покажуваат сертификати, пцр тест или доказ за прележана болест. Сепак, се знае дека без еден од овие документи никој не ни може да влезе во другите земји кои ги барата овие предуслови.

„Првата мерка што предлагаме да се отстрани е со укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест, потврдата за вакцинација или доказот дека лицето го поминало вирусот додека ја напуштило нашата земја. Појаснувам дека тоа не значи дека важи во земји кои бараат од вас да ги поседувате овие документи. Вториот предлог е за укинување на мерката која беше на сила, со која се отпуштаат од работа бремените жени до крајот на пандемијата“, изјави Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Во меѓувреме, денеска продолжи скринингот на основците и според здравствените власти, од над 800 тестирани ученици досега само 8 биле позитивни на корона вирусот. Алсат посети едно од училиштата во Скопје.

„Сакавме да знаеме дали децата се позитивни или негативни, затоа прифативме. Имав две деца кои беа на тест, едното четврто, а другото второ одделение. Нека не се плашат родителите, нека се тестираат сите за да се знае дали училиштето е безбедно“, вели еден Родител

„Досега нашиот тим помина 3 училишта во општина Гази Баба, тестиравме околу 200 деца така што планираме да поминеме уште две училишта денеска. Еве еден неофицијален податок за денеска, до сега резултатите се многу добро.Немаме ниту еден заразен ученик што не радува многу“, изјави Денис Јанкуловски, Центар за јавно здравје.

Според планот, предвидено е да се тестираат околу 2.000 ученици. /Алсат.мк

Вјолца Алити 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button