ВЕСТИСВЕТ

ОН: Речиси 2.000 куќи уништени во земјотресот во Авганистан

Речиси 2.000 куќи беа уништени во силниот земјотрес што погоди оддалечена област во Авганистан каде што недостатокот на машини за отстранување урнатини ги забавува спасувачките операции, изјави хуманитарниот координатор на ОН Рамиз Алакбаров. Тој рече дека просечно авганистанско семејство има најмалку седум, осум члена и дека се случува неколку семејства да живеат под ист покрив. Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала завчреа ја погоди изолираната погранична зона во југоисточен Авганистан, при што загинаа најмалку 1.000 луѓе.

Авганистанските спасувачки служби, долго ограничени во работна сила и капацитет, не се во состојба сами да се справат со голема природна катастрофа и тешко е да се мобилизира меѓународна помош бидејќи невладините организации и агенциите на ОН се помалку присутни отколку пред талибанците да ја преземат власта минатата година. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја повика меѓународната заедница да помогне во поддршката на стотиците семејства погодени од катастрофата во земјата која веќе страда од години на конфликт, економски тешкотии и глад.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button