ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

One stop ќе профункционира на Блаце, по парламентарните избори во Косово

One stop ќе профункционира на Блаце, по парламентарните избори во Косово

На Блаце граѓаните и натаму чекаат долго и двапати се запираат. Шефовите на двете влади, на Македонија и на Косово, неодамна се договорија да има само едно запирање или позната како Оне стоп, на Блаце и Јажинце.

Возилата на границата Блаце двапати се запираат на преглед. И на македонската и на косовската граница. Иако двете земји на последната заедничка владина седница донесоа одлука дека од 1 јануари ќе се воспостави едношалтерски систем, поточно, при влез во Косово, да има запирање само на Косово, а при влез во Македонија, да има запирање само на македонската граница.

Овој систем се уште не е пуштен во употреба. Граѓаните што ги сретнавме на граничниот премин велат дека понекогаш чекаат и по еден час за да ја поминат границата.

“Ќе беше убаво, зошто да не. Овде има многу сообраќај, гледате. Се прават многу колони. Јас сум од Елезан, за џабе треба да чекам пола саат, саат некогаш”, рече еден граѓанин.

„Ќе беше добро да има заедничка гранична точка за да се патува поевтино и побрзо. Можеби поради технички причини, се уште не постигнале договор, но верувам дека многу брзо ќе се спроведе„, додаде друг.

„И во Косово и во Македонија има долги колони„, рече еден граѓанин.

„Нормално ќе се олесни. Рекоа да, но ми се чини дека не го прават тоа. Само го одложуваат, не денес, не утре„, додаде друг.

Ако првично овој систем требаше да стартува од 1 јануари, сега премиерот Мицкоски дава уште еден рок. Оне стоп со Косово ќе се воспостави по парламентарните избори во Косово.

Оне стоп на Блаце беше најавен дека ќе профункционира од 1 јануари минатата година, бидејќи тоа го промовираше тогашната влада на СДСМ-ДУИ. Воспоставувањето на ваков систем требаше да овозможи побрз промет на стоки и луѓе./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button