
И додека болните од рак цела недела чекаат решение за недостигот на биолошки терапии, политичките партии се судираат околу тоа кој е виновен за недостигот на лекови. Од СДСМ велат дека не е нормално власта да купува авион вреден стотици милиони евра, а решението за лековите да го бара преку донации.
„Веќе една недела нема лек на онкологија. Пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостиг од онколошка терапија, недостиг на здравствен персонал и неприфатливи услови за лекување. Овој хаос во здравството е јасен показател за неспособноста на премиерот Мицкоски и министерот Таравари да се справат со потребите на граѓаните и да го подобрат здравствениот систем“, велат од СДСМ.
ВМРО бара Обвинителството да ги истражи блиските политички и деловни врски на Венко Филипче со фармацевтска компанија.
Фармацевтската компанија „Пановски“ реагира на изјавите на ВМРО ДПМНЕ. Обвиненијата ги гледаат како закани и клевети. Компанијата најави правна постапка
„Земајќи предвид дека последниот напад доаѓа од пратеник на владејачка партија, тоа го доживуваме и како директна закана за што ќе ги информираме надлежните меѓународни организации. Особено што тоа го направи на крајно клеветнички и неодговорен начин кон АД „Д-р Пановски“ и без никаков основ нè посочува како директен виновник за недостигот на лекови во јавното здравство за најтешко болните пациенти„, велат од Пановски.
На Клиниката за онкологија повеќе од една недела недостасуваат шест биолошки терапии, а постои ризик да изостанат уште четири терапии. Пациентите од онкологија бараат биолошките терапии да бидат ставени на позитивната листа, но од Фондот за здравство велат дека тоа не е можно бидејќи немаат регистар на пациенти со онкологија./Алсат.мк
Линда Ебиби