ВЕСТИЗДРАВСТВО

Онкологија одбива средба со медицинската сестра која пријави финансиски малверзации

По објавувањето на тврдењата на медицинската сестра на Онкологија, Маја Јакимова, без успех се нејзините обиди за средба со организациониот директор на клиниката Нехат Нухи, ниту со министерот за здравство Беким Сали. Таа вели дека и нејзиното работно место ѝ е сменето, но тврди дека има нови факти за финансиски злоупотреби, како што вели, на директорот Нухи. Јакимовска вели дека овие докази ќе ги испрати до истражните органи.

Од управата на клиниката и денеска не сакаа да зборуваат пред камера, но писмено ги демантираа тврдењата на медицинската сестра. Во демантот потпишан од Нухи се наведува и дека таа не го застапува нивниот персонал.

„Во однос на одобрените средства од Фондот за здравство, потенцираме дека на 16.08.2022 година е одобрено решение со кое се предвидени парични средства за зголемени трошоци врз основа на измената на Законот за минимална плата и тие средства им се исплатени на вработените во клиниката. Во однос на часовите за дежурство на медицинската сестра М.Ј. нагласуваме дека согласно евиденцијата за дежурство и за работните часови, тие се целосно приспособени според важечките правила на клиниката“, велат од Клиниката за онкологија.

Откако беа објавени индикациите на медицинската сестра Маја Јакимова, Одделението за онкологија организираше петиција за да се спротивстави на сите изјави на медицинската сестра, но врз основа на информациите на Алсат, оваа петиција едвај добила потписи од персоналот на медицински сестри и немедицински персонал.

Петицијата ја образложи главната сестра.

„Во консултација со медицинските сестри на клиниката, нагласуваме дека лицето М.Ј. не е официјален претставник на медицинските сестри како што е претставена и затоа се оградуваме од сите нејзини изјави“, вели Даниела Ѓоргиовска, Главна медицинска сестра во онкологија.

Во доказот што го поседува Алсат, се наведува дека преку комуникација со СМС пораки, Ѓоргиовска ѝ признава на Јакимова дека налогот за петицијата доаѓа од директорот Нухи и оти таа нема ништо лично во тоа. Јакимова вели дека има многу други докази околу шемите за користење скапи терапии за рак за препродажба и лични придобивки на раководството. Таа додава дека правдата ќе ја бара на суд, а медиумите ги алармирала за доброто на пациентите, но многумина веќе починале чекајќи терапија.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button