ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Онлајн Парламентот“ помина една фаза, ВМРО најавува блокада на постапката

Собранието гласаше за потребата од измена на Деловникот за работа. Спикерот, Талат Џафери како предлагач истакна дека тоа се прави со цел Собранието да функционира без пречки. Очекува конструктивен пристап од опозицијата.

Но, опозицијата не се согласува, па не беше ниту во салата за време на гласањето. Според нив, измената на Деловникот е спротивна на Уставот.

Предложените измени предвидуваат пратениците кои се заразени со Ковид-19 или се во изолација да може да дискутираат и да гласаат од дома по електронски пат. Претходно ќе мора да достават доказ дека имаат одлука за изолација.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button