СВЕТ

ООН предупредува за опасност од многу жртви во Авганистан

ООН предупредува дека оваа година ќе има огромен број цивилни жртви во Авганистан доколку продолжат конфликтите, започнати со офанзивата на талибанските бунтовници.

Во својот извештај објавен денес за цивилните жртви во првата половина на оваа година, Мисијата на Обединетите нации во Авганистан наведува дека очекува дека во 2021 година ќе биде забележан најголемиот број цивилни жртви од 2009 година.

„Цивилните жртви во Авганистан во првата половина на 2021 година достигнаа рекордни нивоа, со особено зголемување на смртни случаи и повредени од мај, кога меѓународните сили почнаа да се повлекуваат и борбите ескалираа по офанзивата на талибанците“, соопштија ООН.

Според извештајот, 1.659 цивили биле убиени и 3.254 ранети во првата половина на 2021 година, што е за 47 проценти повеќе отколку во првата половина на 2021 година.

Талибанците започнаа офанзива против авганистанските сили во мај, кога започна повлекувањето на странските трупи од земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button