ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Оперативен извор во Баликесир бил клучен за лоцирањето на Палевски во Турција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на синоќешната прес-конференција и официјално го потврди апсењето во Турција на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

Палевски, како што информираше министерот бил уапсен од турската полиција додека пеш се движел по еден од автопатите кај градот Баликесир.

„Колегите од пријателска Турција не известија дека креаторот, планерот, координаторот и деректниот извршител на овие кривични дела е фатен и лишен од слобода на нивна територија, идентично на нашите оперативни сознанија во врска со патеката на движењето на осомничениот. Тоа беше и последната алка од овој грозоморен чин која ни недостасуваше за да кажеме дека сме завршиле се што е во надлежност на Министерството за внатрешни работи, да ги разобличиме овие монструми, сторители на ова свирепо двојно убиство“, изјави министерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button