ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозиција: „Димитар Ковачевски и Владата немаат легитимитет од народот“

Димитар Ковачевски и Владата што ќе ја води нема да имаат легитимитет од народот. Вака оценуваат лидерите на опозициските политички партии кои бараат брзи парламентарни избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати критики до претседателот, бидејќи според него, неправедно му го дал мандатот на Ковачевски.

Актуелната влада ја нарекуваат нелегитимна и лидерот на Алијанса, Зијадин Села и БЕСА на Билаљ Касами.

„Зборот на Заев е збор кажан пред јавноста. Тој треба или да оди до крај или да распише избори, да излезе на избори. И Али Ахмети и ДУИ немаат легитимитет да бидат дел од оваа Влада. Дојдоа со ветување дека ќе има премиер Албанец, а по втор пат гласаат за премиер Македонец, првиот пат за Зоран Заев, сега Ковачевски… Африм Гаши и Алтернатива немаат легитимитет затоа што добија гласови заедно со Села и Алијанса.“

„Оваа Влада го загуби легитимитетот и силно верувам дека треба да има ревизија на актуелната политичка состојба, за да има слободно изразување на волјата на граѓаните и во централните институции. Неуспехот на оваа Влада да ги зачува основните вредности на демократијата и неуспехот да се најде решение со Бугарија нè доведе до ситуација да немаме јасна визија, да немаме јасна ситуација во однос на интеграцијата во ЕУ.“

И од опозициските партии велат дека по Нова Година ќе ги користат сите демократски механизми за да ги убедат граѓаните дека власта е нелегитимна.

Mefai Ismaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button