МАКЕДОНИЈА

Опозицијата: „Артан Груби и ДУИ организираат нелегално коцкање“

Албанската опозиција, односно Европското движење за промени ги обвинува ДУИ и нејзиниот лидер дека дозволиле организирање на онлајн коцкање во локал во Трговскиот центар Мавровка во Скопје. Според опозицијата, просторот од 2014 до 2021 година бил во сопственост на ДУИ, која потоа го дала под закуп на фирма која се занимава со организација на коцкање и тоа за само 500 евра месечно, иако реалната вредност на кириите таму е 10 пати поголема. Од Европското движење за промени соопштија дека деловниот објект во 2021 година го купила истата компанија, односно „Банана Кик“ од Тетово за смешна сума од 190 евра за метар квадратен. Според опозицијата, фирмата е во сопственост на Емир и Илир Шефити кои се први братучеди со Елмедин Адеми, сопственик на познатата компанија „Еуровиа“ која често добива државни тендери и е главен донатор на ДУИ. Исто така, опозицијата ја прашува ДУИ дали е точно оти во Скопје се организира нелегално коцкање за граѓаните на Турција и Албанија бидејќи коцкањето во нивните земји е забрането.

„Веќе е очигледно дека раководството на ДУИ е до гуша е замешано во коцкарскиот бизнис. Се чини дека ги надминаа границите на Северна Македонија, каде што сега стануваат регионален центар за овој нелегален бизнис. За ова мора да има политичка и правна одговорност. Ако срамното лице на ДУИ е Артан Груби, тогаш тој веднаш да ја напушти Владата. Артан Груби јавно ја злоупотребува својата политичка моќ и се осмелува да им се заканува на судиите бидејќи е убеден дека правосудните органи не можат да преземат ништо против него. Но, убедени сме дека казната за Груби и ДУИ на следните избори ќе дојде од граѓаните. После сето ова, нема бегање од правдата“, вели Фари Исени, ЕДП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button