ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата: „Ковачевски нема легитимитет од избори, треба да има нови избори“

За новата влада гласаа 62-ца пратеници, иако од парламентарното мнозинство тврдат дека имаат вкупно 64 пратеници. Отсуствуваа пратеничката на СДСМ, Лолита Ристова, која е позитивна на корона вирус и пратеникот на ДУИ, Изет Меџити. Тој беше присутен на отворањето на седницата во саботата, но не присуствуваше на расправата. Тој за „Слободен Печат“ не ги кажа причините за неговото отсуство, но потврди дека нема да гласа и оти неговите ставови се веќе познати.

Кабинетот на Ковачевски беше изгласан половина час пред полноќ, по дводневна расправа. Судирите на пленарна седница меѓу власта и опозицијата беа жестоки. Опозицијата оценува дека овој кабинет нема легитимитет бидејќи не го добил на избори и побараа предвремени избори.

„Погледнете колку браќа и сестри повеќе не се тука. Отсуствуваат. Дали сте запознаени со бројот на граѓани кои секојдневно ја напуштаат државата? Ако некој треба да покаже со прст кон некого, тоа е извршната власт. Толку го отежнавте животот што граѓаните што ја напуштаат државата и бегаат“, рече Зијадин Села- Алијанса за Албанците.

СДСМ смета дека следните парламентарни избори треба да бидат редовни во 2024 година.

Новата влада ќе има мандат до летото 2024 година, доколку во меѓувреме не се распишат предвремени избори.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button