Опозицијата со врзани раце за законите за автопатите

Опозициските пратеници кои се против промената на неколкуте закони за изградба на коридорите 8 и 10Д ќе учествуваат на утрешната седница на која законите се вратени, но со ѕвездата на ЕУ. Тие велат дека иако веќе немаат опција како да ги блокираат, повторно ќе го изразат своето противење. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека законите биле ставени во процедура само 2 дена откако стигнале во Собранието, иако процедурата предвидува 10-дневен рок пратениците да ги разгледаат законите. Ѕвездата на ЕУ била злоупотребена и се одзема правото на пратениците да се дебатира.
Левица има над 6.000 амандмани за сите осум закони кои беа во процедура претходно. Сега велат дека ќе поднесат кривични пријави против прекршителите на постапката. Пратениот Борислав Крмов вели дека формално иницијативите не се во ред бидејќи се празни во деловите каде што треба да се објасни со кое европско право се врши законското усогласување.
Но, од Владата тврдат дека има доволно аргументи за да се убедат претставниците на ЕУ во земјава дека законите се во согласност со Уставот и оти Коридорот 8 е прифатен од ЕУ.
Претставниците на ЕУ во Скопје порачаа дека ставањето европска ѕвезда на законите поднесени од Владата за автопатите нема никаква врска со усогласувањето на домашното, со европското законодавство.
Фатлуме Дервиши