РЕГИОН

Опозицијата во Косово не прифати одложување на локалните избори

И покрај напорите на премиерот на Косово, Албин Курти да ги одложи локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври, такво нешто не беше прифатено од опозицијата на Косово. Опозицијата не можеше да изврши притисок ниту врз претседателката Вјоса Османи, која презеде иницијатива да се консултира со Националниот институт за јавно здравје, кој преку препорака ќе побара одложување на изборите поради зголемениот број случаи на КОВИД 9. Османи се сретна со лидерите на косовските политички партии, каде што сите беа категорично против одложување на изборите, освен претседателот на Самоопределување, Албин Курти.

„За да не запре ова подобрување и за да немаме нов бран, бидејќи верзијата делта е експлозивна во ноември и декември, ние сме за одложување на изборите“, рече Курти.

Лидерот на ДСК, Лумир Абдиџику рече дека ова политичко сценарио не треба да се реализира, бидејќи, според него, демократијата е доведена во прашање.

„Немаше договор за одложување на изборите и верувам дека ова е добар ден за демократијата“, рече Абдиџику.

Додека претседателот на ДПК, Мемли Красниќи, рече дека како партија се подготвени да ја скратат кампањата, но не и за одложување на изборите.

„Нашиот став е дека здравјето на граѓаните е приоритет, но освен здравјето на граѓаните важно е и здравјето на демократијата“, изјави Красниќи.

Локалните избори во Косово ќе се одржат на 17 октомври според планираното. Во меѓувреме, останува нејасно дали изборната кампања ќе биде откажана или скратена поради епидемиолошката состојба.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button