ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Чаир финансиски ќе им помогне на семејствата на жртвите

Општина Чаир на вонредната седница на Советот на општината одвои 1,2 милион денари за семејствата на загинатите во автобуската трагедија во Бугарија, јавува репортерот на Алсат.

Градоначалникот Висар Ганиу изјавил дека средствата наменети за празниците на крајот на годината да се распределат на членовите на семејствата кои изгубиле роднини.
Според Ганиу, 16 жртви официјално се жители на општина Чаир.

Советниците на Алијансата и Алтернативата, рекоа дека го поддржуваат предлогот на Општината за доделување средства и побараа помошта да биде поголема.

Но, градоначалникот на Чаир, Ганиу рече дека сега постапуваат според законските можности, додека во наредните денови ќе има и друга помош, за што се ангажирани голем број граѓани./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button