ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Чаир пренамени околу 20.000 евра како помош за семејствата на загинатите

Општина Чаир денеска на вонредна седница на советот одвои парични средства за семејствата на загинатите. Дури 16 од нив беа од оваа скопска општина. Станува збор за вкупна сума од околу 20 илјади евра.

„Ние како општина сметавме дека треба да им помогнеме на овие семејства со тоа што ќе направиме пренамена на средствата предвидени за украсување на нашата територија за новогодишните празници. Овие средства ќе им ги дадеме на семејствата на починатите лица од трагичната несреќа во Бугарија. Се надеваме со овој наш чин да им излеземе малку во пресрет и да им ја ублажиме болката на семејствата кои загубија свои блиски во трагичниот настан.“

„Не постојат пари во светов, ниту парична и материјална помош, што може да ја надомести загубата на саканите. Но, бидејќи зборуваме за симболика ние како група советници, ќе го поддржиме предлогов, но бараме сумата да не биде само симболична, туку да биде повеќе содржинска отколку симболична. Бараме посериозна сума од оваа што ја спомена градоначалникот на Чаир.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button