ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Тетово: „Надлежностите за модуларните болници ѝ припаѓаат на централната власт“

Реагираше општина Тетово. Оттаму тврдат дека надлежностите за модуларните болници ѝ припаѓаат на централната власт. Изградбата на модуларната болница било реализирано со посебен закон, каде што сите надлежности се насочени кон централно ниво, односно кон Министерството за здравство, велат од општината. Оттаму додаваат дека со последните измени во Законот за градење објавени во Службен весник во ноември минатата година, пишува дека барањето за реализација или поставување на модуларни објекти наменети за вршење здравствена дејност се доставува до Министерството за здравство и решението го издава Министерството за здравство. Во реакцијата на општина Тетово се наведува и дека општинските инспектори немаат законска надлежност да контролираат специјални објекти и згради од прва категорија, додека системите за безбедност и гаснење пожар и контрола на нивната функционалност се исто така во надлежност на Министерството за здравство. За модуларната болница во Тетово општината тврди дека е градба од прва категорија и за неа инспекција и надзор врши државниот инспекторат врз основа на членот 128 став (2) од Законот за градење. Водоводните и канализациските инсталации се во надлежност на договорната компанија, додека општината само ги поврзува, тврдат од локалната власт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button