ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општинарите чистеле канал – едно поправиле, друго расипале

Општинарите чистеле канал - едно поправиле, друго расипале

На жителите на Сингелиќ им снемува трпение. Велат дека каналот за кој со години добивале ветувања дека ќе биде исчистен сè уште е извор на проблеми. Жителите велат дека се трујат од лоша реа, а се плашат дека може да се појават и болести.

Вчера општина Гази Баба испрати багер за да го исчисти каналот за кој со години се зборува и кој беше една од главните поплаки на жителите на Сингелиќ. Сепак, еден ден подоцна дојдовме да ја видиме работата што ја направија и како што можете да видите од сликите, каналот не е исчистен, туку отпадоци од длабочината на каналот останаа во коритото. Жителите се револтирани, па дури имаат и предупредување до општината, рапортиаше новинарката на Alsat.mk, Еви Шкопи.

„Сега со ова што го направија овде треба да одиме со шлем за мотор. Не можеме ни во дворот да излеземе. Мириса и внатре. Не сме воопшто задоволни. Како да бидеме задоволни со ова. Ја извадиле калта и ја оставиле пред врата. Ни децата не можеме да ги изнесеме надвор. Овој пат нема да ги блокираме улиците. Ќе ги земеме шаторите и пред општина Гази Баба. Или ќе се направи овој канал или ќе спиеме таму. Ќе има голем протест“, рече Башким Исмаили, жител на Сингелиќ.

Од општина Гази Баба сè уште немаме одговор дали сметаат оти каналот е исчистен, зошто отпадот не е отстранет и дали имаат некаков проект за долгорочно решавање на проблемот и кога евентуално тоа би се случило./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button