ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општината им ја прекинала водата на селаните

Веќе три недели над 500 жители на селото Копаница од општина Јегуновце се без вода за пиење. Жителите се жалат дека за да дојдат до вода треба да одат десетина километри до околината на селото Пршевце.

„Две недели сме без вода. Знам зошто ја запреа водата. Тие имаат свои проблеми, ние наши, така. Заинтересирани сме, но нема одговор. Имаа состанок, а нема одговор. Целото село е без вода…“

„Не дека сега нема, дури и во лето немаше доволно. Полниме вода во Пршевце, што да правиме“, реагираат жителите.

Снабдување со вода го запрела општина Јегуновце. Објаснувањето е дека домаќинствата не си ги плаќале сметките за струја за пумпите во системот.е

Селото Копаница не е единствената населба во оваа општина која нема вода за пиење. Во иста ситуација се и уште неколку села кои како што велат од општината, ќе имаат рестрикции сè додека не се постават водомери.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button