МАКЕДОНИЈА

Општините можат да аплицираат на јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска пред претставниците на ЗЕЛС, го презентираше јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште, на кој може да аплицираат општините. Јавниот повик е финансиран со средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Финансиската поддршка е во висина од 100% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци на инвестицијата, а се исплаќа по целосното завршување на инвестицијата од страна на корисникот. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 1 милион денари. Изградбата на пристапните патишта до земјоделските површини се од голема важност за земјоделците, навремено и без проблеми да можат да ги извршуваат земјоделските активности.

На последниот повик за поддршка во изградба на пристапни патишта до земјоделски површини распишан во 2018 година, аплицирале и искористиле средства 21 општина, со вкупна вредност на поддршката од 15,5 милиони денари.

Максималниот износ за поддршка по корисник преку мерките 321 и 322 изнесува 20 милиони денари.

Обрасците „Барање за финансиска поддршка” со листата на потребни документи може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Пополнетото „Барањата за користење финансиска поддршка“ за овој јавен повик заедно со целокупната потребна документација, треба да се достават во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 09/2022 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето.

Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Крајниот рок за доставување на барањата е 09.07.2022 година, информираат од министерството./Мakfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button