ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општините во Полог сè уште немаат одвоено средства за основање компанија за управување со отпадот во Русино

Заедничкото претпријатие за управување со отпад во Полог изгледа оди кон неуспех. И покрај најавите дека ќе се формира заедничкото претпријатие од девет општини што ќе управува со Русино, ниту една од 9-те општини не ги пуштила потребните средства за основање на ова претпријатие.

„Додека водата и земјиштето во полињата во близина на депонијата Русино продолжуваат да бидат загадени, општините во Полог и понатаму седат со крстени раце. Никој сè уште не ги одвоил парите за основање на заедничкото претпријатие, ниту пак се започнати останатите инвестиции што требаше да се направат во инфраструктурата на оваа депонија. Се оправдуваат со економската криза во општините“.

„Ние како општина Гостивар сè уште не започнавме со плаќањата. Се надеваме во следниот период бидејќи малку бевме финансиски послаби заради зимската сезона, но се надевам дека како општина ќе започнеме да ги извршуваме плаќањата за кои сме должни како институција”.

Ист став има и општина Тетово, во која се наведува дека наскоро ќе се изврши уплата во износ од 5.732 евра на заедничкото претпријатие, но без да се утврди точен датум кога тоа ќе се реализира. Одложувањата во воспоставување на заедничко претпријатие за Русино ги принудува  јавните претпријатија во Полог да го испраќаат отпадот во Дрисла,во Скопје

„Цената на отпадот за испорака до Дрисла не чини екстремно многу. Разликата помеѓу Русино и Дрисла е некаде околу 60 -70 проценти поскапа. Ова решение го очекуваме многу, бидејќи покрај високата цена, ни треба многу време да пренесеме отпад до Дрисла. Верувале или не, самото одење и враќање во Дрисла, ни одзема околу пет часа.

Општините во Полог плаќаат милиони денари месечно за испраќање на отпад до Дрисла во Скопје, дури и до 40 милиони денари годишно, додека средствата за започнување на претпријатието, пропорционално доделени на општините, не се повеќе од 65 до 70 000 денари .

Bashkim Sulejmani

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button