ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општинската трезорска канцеларија во Гостивар не функционира

Трезорската канцеларија во Гостивар повторно не е во функција. За разлика од минатиот пат кога проблем беше неплаќањето на закупнината, а како резултат на тоа и преселувањето на канцеларијата од старата зграда, сега најчести проблеми се техничките. Компјутерите не работат, нема интернет и системот блокира, па општината, основните и средните училишта, фирмите и разните претпријатија се принудени да одат во Тетово дури два-три пати на ден за плаќање.

Општината трпи најмногу.

„Што се однесува до општина Гостивар, не е само прометот на сметката на општината, туку сите единици, градинките, основните и средните училишта сите се зависни од трезорот и ако тој не функционира мораме да одиме до Тетово. Но и таму имаме проблеми, сообраќајот, облиците на плаќање имаат свои пречки и некои мораме да ги вратиме, а овде ни беше поблиску. Поради технички пречки неколку пати се враќавме и правевме формулари за плаќање. Многу пати баравме објаснување од Министерството за финансии и ни одговараа дека ќе се среди. Знам или имаат проблем со локацијата или со персоналот. Дури и таму има само еден човек, нема друг, а ние побаравме да има друго лице во случај на празници или слично, но нема ништо“, рече Садри Елези, Сектор за финансии – општина Гостивар.

Директорот на гостиварската гимназија Мирсад Хусеини вели дека не само што се соочуваат со големи пречките поради нефункционирањето на оваа канцеларија, туку и со големи трошоците за патување од и кон Тетово.

„Речиси секој ден имаме проблеми. Од разговорот со одговорниот за сметководство дознав дека се работи за технички проблем, компјутер, интернет, нешто што Тетово го нема. Значи за мала уплата сметководителот треба да оди до Тетово и има трошоци. Тие трошоци треба да ги покрие училиштето. Неколку пати сметководителот одеше и по двапати во случај на мал пропуст, дури и по трет пат во Тетово“, вели Мирсад Хусеини. директор на гостиварската гимназија.

Појаснување побаравме и од Министерството за финансии, но одговор не добивме. Инаку, исплати во трезорската канцеларија во Гостивар не врши само општина Гостивар, туку и Маврово – Ростуше од каде исто така мора да патуваат до Тетово.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button