ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Оптимистички резултати од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот

За прв пат од избувнувањето на пандемијата, во текот на последните 24 часа, ниту еден пациент како резултат на коронавирусот не е хоспитализиран во Болниците и Клиниките во земјава, дури ниту на Инфективната клиника во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека доколку овој тренд на хоспитализација продолжи во наредните денови, по 15 јуни ќе се укине полицискиот час и ќе има дополнително олеснување при организирање на разни настани.

Бројот на граѓани кои биле позитивни во последните 24 часа е 19 од 2456 тестирања. Излекувани се 26 пациенти, додека бројот на жртви е 6. Во меѓувреме, процесот на вакцинација на граѓаните со прва доза тече со помал интензитет. Во текот на следната недела се очекува да пристигнат 500 илјади кинески вакцини од Синовак, додека сè уште нема конкретни информации за дополнителната количина на руски вакцини. Во текот на овој месец, исто така, се очекува да пристигнат 50 илјади дози од Грција и Бугарија, кои најверојатно ќе бидат Астра&Зенека.

Досега вакцинирани се 241.368 лица од 437.339 регистрирани.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button