СВЕТ

Орбан: Доколку го одобриме пристапувањето на Украина, војната ќе влезе во Европската Унија

Унгарија не може да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија бидејќи достигнувањата што се постигнати досега мора да бидат заштитени, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Advertisements

Во интервју за јавното радио, Орбан објасни дека проширувањето на ЕУ во минатото било корисно за постојните членки, како што е Унгарија, но дека приемот на Украина во блокот би бил штетен за Унгарија, објави МТИ.

„Зошто мораме да губиме, кога би можеле да оствариме корист, или барем да го заштитиме она што сме го постигнале“, праша Орбан.

Тој изјави дека слободниот проток на украинска работна сила би можел да го загрози целосното вработување во Унгарија, што го смета за најголемо достигнување во последните 15 години.

Исто така истакна дека членството на Украина во ЕУ би можело целосно да ги промени финансиските основи на европското земјоделство, што би ги оставило унгарските земјоделци без средства, а стотици илјади семејства би ги довело во многу тешка положба.

Орбан предупреди дека ако Украина стане членка на ЕУ, во Унијата ќе влезе војна.

„Доколку го одобриме пристапувањето на Украина, војната ќе влезе во Европската Унија, која беше создадена како сојуз за мир“, рече Орбан, повикувајќи на отфрлање на членството на Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button