СВЕТ

Орбан: Папата ги нагласи традиционалните семејни вредности

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во петокот рече дека неговата неодамнешна средба со папата Франциск го охрабрила да продолжи да го брани традиционалното семејство.

Доаѓајќи на власт во 2010 година, Орбан се претстави како спасител на унгарската култура миграцијата во Европа и заштитник на христијанските вредности против западниот либерализам, пишува Ројтерс.

Тоа му донесе домашна популарност, иако се соочува со потенцијално тешки избори следната година.

„Средбата ми даде многу силно охрабрување“, рече Орбан за неговата средба со Франциск за време на невообичаено краткиот седумчасовен престој во Унгарија.

„Светиот Отец јасно стави до знаење дека борбата што ја водиме за заштита на семејствата е најважната борба во врска со иднината на Европа“, додаде Орбан на националното радио.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button