Организацијата „кој е следен“ за во понеделник најавува протести
Организацијата „кој е следен“ за во понеделник најавува протести

Организацијата „кој е следен“ за во понеделник најавува протести, во нивнотот соопштение на социјалните мрежи пишува, до недела ќе молчиме во понеделник се гледаме на улица. Преку протестот ќе се бара правда за загинатите во дискотеката „Пулс“во Кочани, каде за само неколку минути згаснаа животите на 59 лица. Во меѓувреме ги прашавме граѓаните дали сметаат дека има потреба за протести, тие со поделени мислења.
„Треба правдата да излезе на виделина сите плачеме, цела Македонија. Би излегла да да, како нема да излезам на ваков случај“ , рече еден граѓанин.
„Не мислам, не верувам на протестите„, додаде друг граѓанин.
„За овие политичари можеби треба“, рече еден граѓанин.
Пред три дена илјадници граѓани се собраа на плоштадот Македонија, каде со молк им оддадоа почит на жртвите. Молкот траеше цели 16 минути во сеќавање на 16-ти март кога се случи големата трагедија. Покрај во Скопје, слични собири, без говори, имаше и во повеќе градови низ земјава./Алсат.мк
Ангел Димовски