ВЕСТИЗДРАВСТВО

Организационите директори го чинат државниот буџет над 300.000 евра годишно

Платите на организационите директори го чинат државниот буџет над 300.000 евра годишно. Во јавните здравствени установи во Македонија има 26 организациски директори, од кои 9 се вршители на должност и сите земаат месечна плата од близу 60.000 денари. Тие не добиле покачување со последното зголемувањето на платите на функционерите бидејќи се вработени во Министерството за здравство. Министерот за здравство Фатмир Меџити вети дека оваа функција ќе ја укине со образложение дека оваа позиција само го оптоварува државниот буџет. Алсат  праша во Министерството за здравство колку оваа позиција на директори го олеснува работењето на Клиниките, но од Министерството за здравство не упатија одговори да побараме од сите клиники кои имаат организациски директори.

Одлуката на Министерството за здравство не ја коментираа ниту другите владини функционери, ниту политичките партии, иако голем дел од овие директори се именувани по препорака на партиите.

Од друга страна, Фондот за здравство пред неколку месеци преку вонредни проверки на Клиниките утврди дека дел од организационите директори на Клиниките во Скопје земале повисоки плати од редовните. Во извештајот на Фондот, меѓу другото, беше откриено дека некои директори на клиники добивале дневници додека биле на службен пат или додека биле на годишен одмор или во слободни денови.

Контролите на Фондот покажаа и други злоупотреби во однос на директорите на Клиниката за неврохирургија, кардиохирургија и детска дигестивна хирургија.

Укинувањето на организационите директори беше ветувано и  од претходните министри – Беким Сали, неговиот претходник Венко Филипче и Арбен Таравари. Но, и покрај ветувањата, оваа позиција и понатаму продолжува да се пополнува со кадри од различни политички партии.

Министерот за здравство рече дека од 1 јануари 2024 година Клиничкиот центар во Скопје ќе има само еден генерален директор кој ќе биде одговорен за целиот комплекс на клиники.

Организациските или економските директори, за прв пат беа номинирани во 2015 година од поранешната влада на Никола Груевски.

Владата тогаш одлуката за формирање на оваа позиција ја правдаше со потребата од менаџирање на работниот процес.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button