КОШАРКАСПОРТ

Oрландо подобар од Вашингтон, Клиперси изненадени од Оклахома

Кошаркарите на Орландо Меџик излегоа како победници против Вашингтон Визардс (122:112) во највозбудливиот дуел од синоќешната програма во НБА.

Во победничкиот тим дури седум кошаркари имаа двоцифрен број поени, а ги предводеше Гери Харис со 22 поени. На Вашингтон не му помогнаа ниту триесетте поени на Кристапс Порзингис.

Неверојатно интересно беше во „Крипто арената“, каде тимот на ЛА Клиперс загуби од Оклахома со 100:101. Шај Гилгес – Александер со 31 поен ги предводеше гостите до триумфот.

Бостон Селтикс беа убедливи на гостувањето кај Сакраменто Кингс и славеа со 109:132. Џејсон Тејтум беше незадржлив за домаќините и постигна 36 поени.

Резултати НБА: Орландо Меџик – Вашингтон Визардс 122:112, Атланта – Детроит 129:107, Бруклин – Кливленд 109:115, Њу Орлеанс – Сан Антонио 119:84, Сакраменто – Бостон 109:132, ЛА Клиперс – Оклахома 100:101./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button