ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ослободување од притвор бара и Орце Камчев, одлука утре?

Во Апелациониот суд имало замена за судијата Енвер Беџети кој е дел од редовен тричлен кривичен совет, велат од Апелација. И покрај заменскиот судија, судијата Енвер Беџети, како што вчера објави Алсат, сепак одлучил да го прекине боледувањето, пред одлуката на тричлениот совет во кој и тој бил дел, за укинување на притворот на Мијалков. Беџети беше на боледување од претходната недела, откако тогаш Апелација првпат го укина притворот на Мијалков со дадена гаранција од 11 милиони евра. Алсат побара коментар од Беџети зошто решил лично да се појави, но тој не сакаше да коментира.

За разлика од пред една недела кога на поранешниот шеф на тајната полиција експресно му беше определен притвор во друг случај, односно „Плацеви на Водно“, вчера тој со насмевка излезе од скопскиот истражен затвор во Шутка.

Ќе останете ли во Скопје? – Не бегам… Ајде пријатно.

Алсат вчера објави дека дадената гаранција од 11 милиони евра во имот за излез од Шутка е под банкарска хипотека. Приватната банка се согласила имотот примарно да биде под државна хипотека во случај Мијалков да избега. Иако истиот имот бил предмет на кривично дело, Обвинителството не можело да го замрзне токму поради таа банкарска хипотека.

Мијалков сега е на слобода, но не може да ја напушта земјава. Мора да се јавува редовно во судот согласно мерките на претпазливост во предметот „Трезор“.

Инаку, излез од притвор за случајот „Плацови на Водно“ бара и бизнисменот Орце Камчев. Апелација денеска не одлучи за него. Можно е тоа да се случи утре пред дочекот на новата 2022 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button