ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСВЕТ

Османи: Доброволно да понудиме помош за украински бегалци

Северна Македонија се уште не знае колку украински бегалци е подготвена да прифати. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека земјава, освен што треба да дефинира бројка, треба и доброволно да побара да помогне.

“Јас чекам да одлучиме сега и мислам дека исто ќе и предложам на владата проактивно да бараме одреден број бегалци за да им помогнеме на земјите кои се многу оптоварени“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Во моментов, координативната група за прашањето на украинските бегалци ги дефинираше чекорите што треба да се преземат, здравствени услуги и нивното сместување во случај на пристигнување на бегалците на нашата граница.

Но, некои Украинци веќе влегоа во земјата. Османи вели дека тие немаат бегалски статус, туку граѓани кои не треба да имаат виза за да ја посетат земјава.

“Некои од нив веќе се пријавуваат пред се во Црвениот крст иако не бараат статус на бегалец на граница. Откако се сместуваат кај нивните роднини и пријатели, тие потоа се пријавуваат во Црвениот крст за одредена помош и олеснувања“, нагласи Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Медиумите изминатите денови пишуваа за украински државјани кои престојуваат во Охрид и Струга. Има и семејства кои доаѓаат од Украина, но меѓу нив има и членови со македонско држвјанство.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button