ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Германија правеше и прави напори да ги започнеме преговорите со ЕУ

Германското претседателство направи натчовечки напори нашата земја да ги започне преговорите со ЕУ, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

“Посветија ангажман, мислам дека невообичаен ангажман на едно претседателство за една ситуација, како што е нашата…Одлуките за проширување се носат со консензус. Немаат начин земјите членки да го прескокнат тој момент, дека мора да има консензус. Но, дека правеа напори и дека сѐ уште прават, би било грев да се каже дека германското претседателство или други земји нѐ пуштиле низ вода – не е така“, вели Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button