ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Исклучително се внимаваше да не се допираат негативно чувствителните прашања

Бујар Османи во емисијата “200“ рече дека на средбата со бугарскиот премиер бил исклучително внимателен да не се допираат прашања кои можат да бидат чувствителни за едната или другата страна, пишува Алсат.

Османи исто така додаде дека процесите неколку пати биле заложник на мислењата креирани под влијание на разни пропаганди но и од луѓе кои за интереси на дневната политика ја искористиле оваа тема за креирање мислење.

„На средбата бевме исклучително внимателна да не се допираат прашања кои можат да бидат чувствителни за едната или за другата страна на негативен начин, затоа што она што го заклучивме, можеби и без воопшто да дискутираме е дека процесите неколку пати беа заложник на мислењата креирани под влијание на разни пропаганди но и од луѓе кои за интереси на дневната политика ја искористија оваа тема за креирање мислење, а потоа ние станавме заложници на тие мислења. Денес заклучивме дека мора да бидеме многу внимателни за пораките што ги испраќаме за двете општества, овде и во Бугарија, но се трудиме и да создадеме нова позитивна атмосфера“, рече Османи. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button