МАКЕДОНИЈА

Османи кажа до кога би можело да се очекува нов предлог од француското претседателство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, очекува дека француското претседателство свој нов предлог би можело да достави до крајот на претседавањето, односно до крајот на месецов. Како што додава тој, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, доколку француското претседателство достави предлог, тој ќе биде внимателно разгледан заедно со релевантните институции.

„Француското претседателство е до 30-тти јуни. Тоа значи дека наредните денови, доколку тие се решат за нов предлог, согласно ставовите на двете страни, коишто беа и јавно објавени, ние сме тука да го процениме. Доколку добиеме предлог ќе бидат консултирани институциите и ќе донесеме решение. Апсолутно нема да се водиме од хибридни напади, од разочарани политичари коишто сметаат дека можат да вратат кариера на бранот на јавното расположение“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button