МАКЕДОНИЈА

Османи: Ќе работам да се подготвиме за укинување на визите со САД

Кандидатот за претседател на ДУИ, Бујар Османи, на средба со експерти рече дека ќе ги заврши иницијативите во рамките на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави, вклучително и либерализацијата на визите. Тој го најави економскиот караван со сите економски комори во САД за привлекување инвеститори

„Јас се надевам дека доколку продолжиме со континуираните напори на сите институции, секако ние ќе бидеме првата земја од Западен Балкан, на која ќе и бидат укинати визите со Соединетите Американски Држави и тоа е дел од стратешкиот дијалог.

Потоа беше прашањето за културните вредности, и тоа е важно затоа што нашата култура, културата на овдешните народи да е претставена во Америка, а и  американската култура да се претставува тука.

За прашањето за американски инвестиции-веќе имаме некои значајни американски инвестиции, една е во Кичево, една е во Струга, кои отвораат нови работни места и се многу стабилни, но важно е дека во рамките на стратешкиот дијалог ги поврзуваме нашите компании со американските компании, и тогаш да прават заеднички вложувања, заеднички активности во оваа насока“ -рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button