МАКЕДОНИЈА

Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25–те јазици на ЕУ

Според актуелниот предлог, македонскиот јазик е еден од 25-тте јазици на ЕУ и како таков станува дел од преговарачката рамка, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Како што додава тој, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, тоа е една од најголемите победи за македонскиот народ и за државата.

„Според она што сега го има како предлог, македонскиот јазик останува еден од 25-тте јазици на ЕУ без никакви квалификативи, додавки и толкувања. Нема Бугарија тоа да го оспори бидејќи станува дел од преговарачката рамка, а преговарачката рамка е основниот документ што го дефинира процесот, а потоа е основа за потпишување на договорот за членство“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button