ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи во Анталија на состанок со шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во Анталија, каде ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Османи, како што информираат од МНР, во рамки на министерскиот состанок ќе има одвоена билатерална средба со домаќинот, министерот на Турција, Мевљут Чавушоглу, како и со министерот за надворешни работи во техничката Влада на Бугарија, Светлан Стоев.
Министрите, во рамки на овој регионален формат ќе дискутираат на тема: „Соседите од Југоисточна Европа заедно: Иднината на Европа”. Како дел од агендата се и изнаоѓањето на нови начини за зацврстување на соработката меѓу земјите на ПСЈИЕ и регионот, справување со последиците од пандемијата предизвикана од КОВИД-19, унапредување на регионалната кохезија преку јакнење на политичката и економската соработка, како и кон демократијата, владеењето на правото, слободната пазарна економија и почитувањето на фундаменталните човекови права како основни европски вредности.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button