ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Останува нерешен проблемот со канцеларијата за трезор во Гостивар

И покрај бројните реакции од општина Гостивар и средните и основните училишта за немање можност за плаќање во трезорската канцеларија во Гостивар, истата и понатаму не работи. Се обидовме да стапиме во контакт со Министерството за финансии за да дознаеме зошто оваа канцеларија не функционира, но од ова министерство веќе една недела нема реакција.

Од општина Гостивар велат дека нивните претставки, но и на основните и средните училишта не дале резултат. Од Министерството за финансии одговорија дека се работи за технички проблем, но без да прецизираат кога ќе се реши истиот.

„По поплаките на општина Гостивар, Министерството за финансии реагираше со носење опрема во трезорската канцеларија во Гостивар, но, сепак, оваа канцеларија се уште не функционира. Ние како општина, но не само ние, односно сите институции кои вршат плаќања преку трезорот, продолжуваме да ги извршуваме плаќањата во трезорската канцеларија во Тетово. Ние сме во секојдневна комуникација со Министерството за финансии, особено со канцеларијата во Гостивар и според нив, тоа е техничко прашање што не функционира и тие се во процес на санирање“, рече Јетон Осман, општина Гостивар.

Алсат ги контактираше, но од Министерството за финансии не дадоа одговор за проблемот што го има канцеларијата за трезор во Гостивар. Проблемите започнаа пред две години, кога вратите на старата трезорска зграда беа првично затворени поради неплаќање на закупнината што Министерството за финансии ја должи на сопственикот на канцеларијата, а продолжија до ден денес, со невработување на второ лице во трезорската канцеларија и не-менувањ е на системот, што пак беше причина за чести дефекти.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button