СВЕТ

Остатоците од кинеската ракета паднале во Индискиот океан

Големиот дел од лансираната кинеска ракета „Лонг марч 5Б“, кој неконтролирано се враќаше кон Земјата, најверојатно паднал во Индискиот океан, југозападно од Индија и Шри Ланка. Станува збор за дел од ракета со должина од 30 метри и тежина од 22 тони.

Местото на падот е во Индискиот океан, југозападно од Индија и Шри Ланка“, соопшти кинеската агенција за вселенски летови. Сепак, поголемиот дел изгорел при влегувањето во земјината атмосфера, соопшти кинеската вселенска агенција.

Како што претходно се прогнозираше, леталото имаше широка точка на слетување. Можеше да падне и во близина на Њујорк на северната хемисфера, но и во близина на Нов Зеланд на југ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button