ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Остри критика за реформите во образованието кои ги најави министерката Царовска

Реформите што ги најави министерката Царовска во образованието добија бројни критики од експерти и вработените во оваа област. Во фокусот на критиката останува предметот историјата што според новиот концепт за основно образование, ќе се изучува заедно со географијата и граѓанското општество како дел од општествените науки. Професор Митко Панов, од Националниот институт за историја, за Алсат изјави дека новиот концепт за образование е непотребен. Особено кога Северна Македонија се соочува со блокада од Бугарија.

Од Синдикатот за образование, наука и култура велат дека наставниците стравуваат дека ќе останат без целосен фонд на часови.

Вчера, министерката Царовска најави големи промени во основното образование. Меѓу другото, реформите предвидуваат помалку предмети, повеќе истражувања и анализи, изборни предмети и воннаставни активности.

Melihate Rustemi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button