ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Осудениот Бобан Илиќ во случајот „Алмир“, треба веднаш да се јави во затвор

Основниот суд во Куманово го преиначи претходното решение со кое на осудениот Бобан Илиќ во случајот „Алмир Алиу“, му се овозможуваше за неколку месеци да го одложи почетокот на затворската казна. Со новото решение, судот бара Илиќ веднаш да се јави на издржување на казната.

Кумановско обвинителство:

„Обвинителството незадоволно од донесеното решение, поднесе Жалба на 22 јануари 2021 година, со која побара кривичниот совет при Основниот суд Куманово да го преиначи решението во насока осудениот веднаш да ја извршува досудената казна.“

А, Кривичниот совет на кумановскиот суд не ја прифатил ни жалбата на семејството Алиу за одложување на затворската казна на таткото на покојниот Алмир, Седат. Имено, тој треба да одлежи шест месеци за насилство, исто како и двајцата други Сами Демири и Абдула Алиу, кои се казнети со по 9 месеци.

Но, без оглед на овие одлуки, до денеска ниту Бобан Илиќ, ниту блиските на починатиот четиригодишен Алмир не се појавија во затворот К’шање.

Илиќ треба да дослужи уште нешто помалку од три години од четиригодишната казна затоа што му се пресметани домашниот и затворскиот притвор. Илиќ првично беше осуден на 6 години, но казната потоа му беше намалена на 4, па затворот ќе го служи во полуотворен казнено-поправен дом. Во истиот објект ќе бидат затворени и роднините на Алмир.

Adna Qaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button