Осум лица се уапсени, од кои четворица за обид за палење на државното знаме за време на прославата на 28 Ноември
Осум лица се уапсени, од кои четворица за обид за палење на државното знаме за време на прославата на 28 Ноември
Полицијата уапси 8 лица поврзани со инцидентите за време на прославата на 28 Ноември во Скопје
И лицето што го тргна македонското знаме, и тој кој беше фатен на дело како се обидува да го запали македонското знаме, веќе се во притвор, а против нив ќе бидат преземени сите соодветни дејствија предвидени со закон. Четворица од 8-те уапсени, според министерот за внатрешни работи, ризикуваат да бидат осудени на најмалку 1 година затвор. Тошковски вели дека се работи за поединечни групи и дека полицијата ги истражува сите видеа на социјалните мрежи.
Според министерот ќе се анализираат сите околности и индиции за да се види зошто во моментов се случуваат вакви инциденти. Тој недвосмислено порача дека нема да дозволат поттикнување на меѓуетнички тензии и дека одлучно ќе одговорат на секое сценарио или обид за дестабилизација на државата.
И основното јавно обвинителство најави дека се преземаат сите потребни дејствија за расчистување на инцидентот со сквернавењето на државното знаме./Алсат.мк
Ајнур Бафќари