ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Осум Тетовци останаа на улица, по вчерашниот пожар

Се уште трае истрагата за причините за пожарот од претходната ноќ, во кој изгореа 4 куќи во тетовската населба Колтук. Објектот во кој избувна пожарот бил засолниште за две семејства, сопственикот на куќата и семејство од 7 члена кое живеело под кирија. Домаќинот на семејството вели дека не бил дома кога избувнал пожарот, додавајќи дека кога стигнал речиси се изгорело. Иако материјалната штета е голема, за среќа нема жртви. Од синоќешниот пожар сопственикот на куќата се здобил со изгореници од прв степен, и по лекување е пуштен од болница.

„Да беше само нашата куќа, но има уште неколку други куќи зад нас кои се изгорени. Има три или четири куќи. Тука сум под кирија веќе три години. Внатре бил сопственикот на куќата. Ова е делот каде што живее тој, ова е на мојата баба, а другиот дел каде што живеев. Пожарот започна од кај сопственикот на куќата, потоа кај баба ми и потоа кај мене. Тој моментално е во болница. Имав надеж во оваа куќа, немам друга куќа во која да одам“, изјави Беким Дервиши- роднина.

Недостигот на вода во куќите на жителите го отежна гаснењето на пожарот, кој синоќа зафати 4 куќи во една тетовска населба. За гаснење на пожарот ангажирани се 4 автомобили и 15 пожарникари, но дури по два часа успеале да го изгаснат пожарот.

„Видовте сами колку притисок имаат чешмите. Дури и да сакаш да изгаснеш, не можеш“.

„Ни кофа нема, немате со што да наполните, нема вода. Не е само сега, секогаш е вака, нема вода“.
Синоќа на местото на настанот излегол градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Тој рече дека ќе се обидат да најдат решенија за вдомување на овие семејства кои на овие ниски температури останаа без покрив над главата. За да се откријат причините за пожарот случајот го истражуваат надлежните органи.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button