ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Отчет за сработеното во првите сто дена на градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески

Градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристески денеска даде отчет за сработеното во првите сто дена од неговиот мандат.

Тој во своето обраќање ги опфати сите сегменти од своето работење во првите сто дена, од затекнатите долгови до проектите кои допрва ќе се реализираат, а не ги изостави ниту инфраструктурата, екологијата, економијата, спортот.

Нагласи дека при доаѓањето на местото прв човек на градската администарција затекнал долг од 59.487.548 денари, од кои најголемиот дел се однесувал на кредит од 2016 година во износ од 46.823.000 денари.

Ги најави проектите кои допрва ќе се реализираат и за кои во подготовка е проектна документација.

-Изработка на проектна документација за изградба на кеј на реката Треска, енергетска ефикасност на општинската зграда,  изградба на патишта до селата Крапа, Вир и Локвица. Изградба на улици до Суви Дол и Грешница  во должина 1463 метри, улици во село Црешнево со должина од 591 метар. Асфалтирање на улиците „Васко Карангелески“ и „Поречка“ во Македонски Брод, рече градоначалникот и потсети на изградба на водоводи, атмосферска и фекална канализација.

Тој додаде дека во тек е изградба на кошаркарско игралиште во основното училиште „Свети Климент Охридски“ и мултифункционално игралиште за децата со посебни потреби во село Манастирец.

-Формирана индустриска зона Барбарас кај село Крапа каде полска компанија ќе изгради две хали за производство на оружје и муниција, а ќе се изврши урбанизација на две парцели за изградба на фотоволтаични централи, нагласи тој.

Воедно ги опфати образованието, соработка со агенции, здруженија на граѓани и невладини организации.

Тој се осврна и на екологијата и заштита на животната средина и во тој сегмент посочи дека уредена е депонијата на место викано Барбарас, исчистена е депонијата кај местото „Гимназија“ , исчистени градските гробишта и депонијата за градежен отпад на место наречено „Алкалоид“.

Вети дека ќе продолжи со исто темпо, и ќе се погрижи Македонски Брод да биде пристојно место за живот.за

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button