КОШАРКАСПОРТ

Oткако се раздели со Дарвин Хем, Лејкерс најде нов тренер

Лос Анџелес Лејкерс најде нов тренер кој треба да го врати тимот во НБА елитата и во борбата за шампионскиот трофеј. Таа должност му припадна на неискусниот Џеј Џеј Редик кој досега не водел ниедна екипа во НБА, а последните три години, откако ја заврши играчката кариера, работеше како аналитичар на ЕСПН.

Контактот со него беше воспоставен пред повеќе од еден месец, но поради тоа што имаше и други кандидати, изборот се пролонгира.

Од франшизата објавија дека го избрале Редик поради неговата способност за конекција со играчите и кошаркарската интелигенција. Како играч, беше член на Орландо, Милвоки, Лос Анџелес Клиперс, Филаделфија, Њу Орлеанс и Далас.

Јасно е дека и во овој случај главниот збор го имал Леброн Џејмс кој со Редик заедно води кошаркарски поткаст и е многу добар пријател.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button