Откриени најмалку три прекршоци на поранешниот директор на ансамблот, Шкодран Толај
Министерството за култура открива дел од прекршувањата што неодамна разрешениот од функцијата директор на Ансамблот за песни и ора на Албанците, Шкодран Толај, ги направил при вршење на функцијата. Според заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, на сметка на институцијата од Толај се бројат најмалку три прекршоци, што резултирало со доволно докази за негово разрешување.
„По поплаките на вработените во ансамблот, веднаш почнавме истрага и го испративме инспекторатот во ансамблот. Тој констатира неколку законски прекршоци кои се казнуваат со отказ. Дотичниот директор го злоупотребил буџетот на Ансамблот за некаде околу 200.000 денари, ги наменил без дозвола од Министерството за култура, што се казнува со отказ“. „Не направил ре- аудиција. Односно, ансамблот добива 5-годишна согласност од Министерството за финансии додека директорот има законска обврска на реаудиција на секои три години. Ова не го направил директорот. Ова е прекршок кој се казнува со отказ, додека третиот прекршок е неиспраќање извештај за втората половина од 2023 година“, вели Сулејмани.
За заканите и снимките на социјалните мрежи на кој Толај лично вршеше мобинг врз вработените во Ансамблот, заменик министерот за култура Сулејмани рече дека оваа работа е во рацете на надлежните во Министерството за внатрешни работи.
„Сега назначивме нов директор, вршител на должноста, а првиот чекор ќе биде да ја отвориме аудицијата и да се вратат на работа оние кои беа оштетени од поранешниот директор. Потоа ќе навлеземе во детали бидејќи знаете дека имаше видео снимки кои се појавија на социјалните мрежи, иако не е наш дел да се занимаваме со тоа, туку тоа е дел што треба да го преземе Обвинителството бидејќи се однесува на злоупотреби и мобинг“, додава Сулејмани.
За прашањето за 33 вработени во ансамблот, кои по неколку години работа останаа на улица, поради истекување на договорите, заменик министерот Сулејмани рече дека се очекува наскоро да биде отворен конкурс за нив, но и за други кои можат да се пријават. По разрешувањето на досегашниот директор Шкодран Толај, на оваа функција е назначен в.д.
Авни Тахири