СВЕТ

Откриено е најсилното магнетно поле во универзумот

Тимот што стои зад првиот кинески сателит кој користи технологија со х-зраци, „Инсајт-ејч-екс-ем-ти“, го открил најсилното магнетно поле досега измерено во универзумот.

Магнетното поле има магнетна индукција од 1,6 милијарда тесли и се наоѓа во неутринска ѕвезда. Магнетното поле е 60 отсто посилно од она што досега се сметало за најсилно во универзумот.

Ова е и прв силен доказ дека структурата на магнетното поле на неутринските ѕвезди може да биде комплексна и несиметрична.

Откритието било објавено во „Астрофизикал џурнал летерс“, а било направено како соработка од лабораторија на Кинеската академија на науки и институт за астрономија и астрофизика и центарот „Кеплер“ при Универзитетот во Тибинген, Германија.

Пред две години со помош на истиот сателит било откриено магнетно поле со магнетна индукција од 1 милијарда тесли, што било најсилното магнетно поле откриено дотогаш.

Извор: Interesting engineering

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button