МАКЕДОНИЈА

Оценување на член од кривичниот законик, ако се укине, „паѓаат“ предмети на СЈО

Кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување по кое најмногу се гонат поранешните функционери е нејасно и непрецизно, порачаа дел од правниците пред уставните судии на подготвителната седница за оценување на уставноста на ставот 5 од член 353 од Кривичниот законик. Токму тој предвидува најмалку пет години затвор за службеникот кој преку јавна набавка го оштетил државниот буџет. Сепак, правниците велат дека не треба да се укине членот, туку да се допрецизира кривичното дело.

„Јас ја нареков  „Recycle bin“ одредба или „all inclusive“ одредба ќе треба под итно да се менува, меѓутоа во насока на поедноставување во примената, затоашто карактерот ни е супцилидијаден и тоа е резервна варијанта….“, рече Никола Тупанчевски, универзитетски професор.

„…Доколку се анулира ова кривично дело, со одлука на Уставниот суд евентуално се поништи или пак укине, тоа ќе има според мене далеку сериозни штетни последици“, вели  Миодраг Лабовиќ, универзитетски професор.

Вака не мислат од Министерството за правда. Нивниот претставник кажа дека без ова дело нема да има владеење на правото. Ако сепак се укине ставот 5, тоа би значело крај на некои судски предмети што ги отвори СЈО, каде се обвинети Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Елизабета Канческа Милевска.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button